Predmet:Гугл ќе го ограничи пристапот до апликации за корисници со постар Андроид
Оние корисници на телефони со оперативен систем „Андроид“ што ја имаат верзијата 2.3.7, односно последната верзија на „Џинџербред“, или постара верзија, наскоро нема да може да се вклучат на профилот на „Гугл“.
Корисниците на споменатите верзии на „Андроид“ нема да може да се вклучат во профилот на „Гугл“ од 27 септември.
Од компанијата известиле дека корисниците со постари верзии на „Андроид“ кои ќе се обидат да го користат уредот со профил на „Гугл“ по 27 септември би можеле да добијат известување за погрешно корисничко име или лозинка. Тие нема да може да користат услуги на „Џимејл“, „Јутјуб“ или „Гугл мапс“ и други апликации од пакетот на „Гугл“.
Целта е да се зачува сигурноста на корисниците, изјавиле од компанијата.
Верзијата 2.3.7 на „Андроид“ се појавила пред 10 години. Уредите што користат верзија 3.0 засега нема да имаат проблеми.
Извор:
https://www.fakulteti.mk/...WvfR3Wsz2Q